450
Собранието ги отвори вратите за граѓаните и невладиниот сектор.
– Со гордост ви кажувам дека ќе го вратам редот во Собранието, почитувајќи го Уставот, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери на денешната средба со невладините организации.
На средбата освен Џафери говореа пратеничките Ирена Стефоска и Маја Морачанин како и министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки.