Џафери во среда ја закажа собраниската седница за избор на новите министри

by Фокус

Собранискиот спикер Талат Џафери ја закажа парламентарната седница за предлозите на премиерот Зоран Заев за нови министри во среда во 11 часот, соопштија од неговиот кабинет.

Освен премиер, Заев треба да биде и министер за финансии, додека нови министри ќе бидат Насер Нуредини (екологија), Хисни Исмаили (култура), Трајан Димковски (земјоделство), Горан Милевски (локална самоуправа).

Со новото министерство за политички систем, пак, се предвидува да раководи досегашниот министер за животна средина Садула Дураку.

Поврзани новости