Џафери во прва историска посета на Обединетите Арапски Емирати

by fokus

Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати имаат одлични односи кои се карактеризираат со пријателски врски и стабилни политики, но, соработката меѓу двете држави треба да се интензивира и да се продлабочува на сите нивоа вклучувајќи го и парламентарното, истакна претседателот на Собранието Талат Џафери на денешната средба со неговиот домаќин, спикерот на Федералниот национален совет на Обеднетите Арапски Емирати Сагар Ал-Гобаш.

Џафери на средбата рече дека се надева дека досегашното одлично ниво на дијалог, соработката, меѓусебното почитување и разбирање ќе продолжи со иста динамика во иднина, што ќе резултира со корисна соработка во сите области од заеднички интерес, бидејќи ги поддржуваме истите заложби за мир и стабилност, регионално и глобално.

Северна Македонија, кажа тој, веќе е членка на НАТО и пред почеток на преговори со ЕУ.

Во таа насока, Џафери очекува натамошно интензивирање на односите, особено парламентарната соработка каде што потенцијалот за унапредување е значителен, како на ниво на пратенички групи за соработка, така и на ниво на комисии.

Претседателот на Федералниот национален совет на ОАЕ Ал Гобаш изрази задоволство што се реализира оваа прва историска посета на претседател на Собранието на Северна Македонија на ОАЕ, особено што во делегацијата, исто така, се и пратеници изразувајќи надеж дека оваа иницијална соработка се повеќе ќе се развива.

Ал Гобаш истакна дека неговата земја дава целосна поддршка на Северна Македонија за влез во Европската унија и оти се надева дека сме ја поминале лекцијата од многу земји претходно. Ал Гобаш рече применувајќи ги тие искуства се надева дека тоа ние што побрзо ќе можеме да го спроведеме.

Поврзани новости