339
Претседателот на Собранието, Талат Џафери утре ќе одржи координативна средба на која со координаторите на пратеничките групи ќе треба да договори кога и како ќе се презентира договорот со Бехтел и Енка за коридорите 8 и 10-Д.
Премиерот Димитар Ковачевски минатата недела рече дека прифатил Договорот да биде презентиран од владини претставници пред пратеници со безбедносен сертификат и дека согласноста е испратена во Собранието.
Владата го класифицираше договорот како државна тајна и поради тоа тој не е достапен за јавноста. Според Владата, договорот содржел клаузули кои се однесуваат технологии кои договорената страна ќе ги користи при изведбата, што за секоја фирма било деловна тајна.