Утре на почетокот на парламентарната седница ќе се констатираат оставките на двајца пратеници од мнозинството, Васко Ковачевски и Стево Пендаровски. Ковачевски изјави дека ќе биде прв човек на “РЕК Битола”, а Пендаровски беше избран за Национален координатор за НАТО.
И покрај фактот што двајца пратеници поднесоа оставка, спикерот на Собранието, Талат Џафери, во емисијата Патот кон, рече дека оставката не го загрозува мнозинството и дека работата на Собранието нормално ќе продолжи.
“Двајца пратеници се во оставка, но мислам дека не е загрозено парламентарното мнозинство. Пред да се започне со првата наредна седница ќе ги верификаме мандатите на следните пратеници од листата и затоа тврдам дека парламентарното мнозинство не е загрозено. Мандатите на новите пратеници ќе ги верификуваме утре“ – изјави Талат Џафери