Претседателот на парламентот Талат Џафери упати честитки до јужноафриканската република Венецуела по повод Националниот празник на независноста, кој се слави годишнината од донесувањето на Декларацијата за независност од 1811 година.
„Република Северна Македонија и нејзиното Собрание, и јас како негов претседател, даваме силна поддршка на процесите на демократизација на венецуелското општество, бидејќи само слободно изразената граѓанска волја и демократски избраните државни институции можат да го водат напред секој поединец и секоја држава во целина. Во таа насока, во свое лично име упатувам искрени честитки за овој голем национален празник, но и отворена поддршка на реформските процеси во Венецуела, со верба дека демократскиот капацитет на овој силен народ и неговите лидери ќе остават трајни цивилизациски вредности во светската политика“, стои во честитката на Џафери.
Во Венецуела периодов се актуелни политички турбуленции, откако опозицискиот лидер Хуан Гуаидо покрена протести за смена против Николас Мадуро со поддршка на Западот, меѓутоа не успеа во првичната намера, па сега се најавува дијалог меѓу двете страни.