Министерот за правда Валдет Џафери официјално го одобри новото задолжување од 450 милиони евра и со негов потпис парите од еврообврзницата легнаа на сметката на Народна Банка.
Министерот за финансии Кирил Миноски, на денешната сообраниска седница за ребалансот на буџетот, информира дека утринава Џафери еврообврзницата ја оценил за легална. Министерот тврди дека нема ништо спорно во новото задолжување и уште еднаш се закани со кривични пријави за „сите што го нарушиле угледот на институциите и на државата”.
Претходно и СДСМ најавија дека денеска ќе ги поднесат кривичните пријави против сите кои учествувале во издавањето на еврообврзницата. За опозицијата новото задолжувањето е против законско, бидејќи пред издавањето на еврообврзницата не е побарано правно мислење од Министерството за правда