Џафери: Старото момче ги брои неговите последни денови

by Fokus

Ним не им бега возот…тие…момчето или старото момче ги брои неговите последни денови на тој циркус кој го води по медиумите, по Тик ток итн…, порача претседателот на Надзорниот совет на ДУИ, Муса Џафери, на синоќешната средба на Огнената група од ДУИ со граѓаните на Општина Чаир.

Се поставува прашањето кому му се обрати Џафери бидејќи употреби множинска форма. Имајќи предвид дека Огнената група бара итна оставка на Груби, дел од аналитичарите сметаат дека овој пат пораката на Џафери се однесува на двоецот Груби и Ахмети. Експертите предвидуваат тектонски промени на политичката сцена доколку се судрат такви политички ветерани како Ахмети и Џафери.

На синоќешната средба во Чаир Огнената група побара оставка и од неспособните министри, кои, како што рекоа, ги предводи Груби. Од приврзаниците на оваа група беше речено дека Груби направил фронт со противниците за да си ја спаси фотелјата. Формирањето на Владата го нарекоа обичен циркус.

 

Поврзани новости