Џафери стана дедо, нема продолжение на седницата во Собранието

by Fokus

-Благословени и пресреќни сме по веста дека ќерката Бесиана на свет го донесе нашиот внук Фрашер. Двајцата се добро, на нас е да се радуваме на убавите моменти, напиша Џафери на својот Фејсбук профил.

 

Тој вчера дал насоки на собраниските служби за денеска да подготват продолжение на конститутивната седница и избор на претседател на законодавниот дом по најавите дека претседателот Стево Пендаровски напладне ќе го додели мандатот за состав на нова влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. За тоа ги информирал и координаторите на партиите во Парламентот, но собраниските служби известија поради семејни причини на претседавачот денеска нема да се одржи продолжение на седницата од 4 август на која беа верификувани мандатите на сите 120 пратеници.

Поврзани новости