Џафери со украинската амбасадорка во земјава: Украина секогаш може да гледа во С. Македонија пријател, партнер и поддржувач

by Fokus

Техничкиот премиер Талат Џафери денеска се сретна со амбасадорката на Украина во земјава Лариса Дир.

На состанокот беше изразена постојаната силна поддршка која С. Македонија ја покажува кон Украина, во услови на тешки моменти за украинскиот народ, кој веќе две години храбро се бори за својата слобода.

Џафери нагласил дека, земјава и нејзините граѓани, стојат цврсто покрај Украина и ќе продолжат да го прават тоа сѐ додека е потребно, во нејзината борба за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

Џафери нагласи дека, освен формирањето на Советот НАТО-Украина, како членка сојузничка, С. Македонија е дел од пакетот на проширена политичка и практична поддршка на Украина, продолжувајќи со поддршката на политиката на отворени врати на НАТО.

Амбасадорката се заблагодари за сета досегашна помош дадена од Македонија на Украина, како и на изнесената подготвеност за продолжување на истата, при што нагласи дека Украина тоа високо го цени и нема никогаш да го заборави.

Поврзани новости