Џафери: Слушнав некој кажа да ми биде фрлена вода, нека повели!

by fokus

На денешната собраниска седница имаше жестока кавга меѓу претениците на Коалицијата Алијанса и Алтернатива и ДУИ. Собранскиот спикер Талат Џафери во еден момент му се обрати на пратеникот Елми Азири од Алијансата, бидејќи рече дека слушнал оти кажал да му биде фрлена вода. Азири пак негираше.

„Доколу тоа вие не сте го кажале тогаш се извинувам. Слушнав дека некој кажа да ми биде фрлена вода, нека повели“ рече Џафери.

Претходно координаторот на АА/А Скендер Реџепи ги повика пратениците од ДУИ да не го поддржат законот за одложување на пописот бидејќи бил штетен за Албанците.

-Законот доаѓа како последица на договор на двајца македонски лидери, кои заедно одлучиле без изјава на Комисијата за заразни болести, пописот да биде одложен. Ги повикувам пратениците од ДУИ да не дозволат Законот за попис да остане како точка на дневниот ред. Ова е на штета на Албанците. Сите Албанците се ангажираа албанските иселенци масовно да се попишуваат, додека македонските иселенци бојкотираа. Пратениците на ДУИ не треба да бидат присутни на седницата исто како и нивниот лидер Али Ахмети за да не им судат следните генерации. Над 15 проценти попишани во дијаспората се Албанци, рече Реџепи.

Пратениците ја изгласаа потребата од донесување на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Севрна Македонија, 2021 година по скратена постапка, поднесен од Владата, и Предлог на закон за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка, чии предлагачи се претставници од сите пратенички групи во Собранието.

Претседателот на Собранието Талат Џафери ги повика претседателите на комисиите да ги закажат седниците на кои ќе се разгледуваат законите и за пратениците да знаат до кога може да се поднесуваат амандмани.

Против одложувањето на Законот за попис се изјасни пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива, чиј координатор Скендер Реџепи побара пауза од еден час.

Поврзани новости