Курбан Бајрам е празник на благодарноста и сакам да изразам благодарност кон сите здравствени работници меѓутоа и кон сите други кои секојдневно се вложуваат максимално да овозможат нормално функционирање во ова време на нова нормалност, вели во својата честитка Талат Џафери по повод пранизкот Курбан Бајрам.
-Ви посакувам празникот да го поминете во добро здравје, на сите оние кои ги допре ковид-19 им посакувам брзо оздравување и што побрзо враќање во своите домови, за сите да го поминеме празникот опкружени со нашите блиски и сакани, вели Џафери.
Тој апелираше да се почитуваат мерките за заштита од ковид-19.
-Навикнати сме празникот да го поминеме опкружени со весел џагор и топли прегратки, искрени насмевки. За жал, речиси од почетокот на оваа година сме принудени да ги менуваме нашите секојдневни навики на функционирање и секако, празнување. Пандемијата од Ковид-19 е тука и се чини ќе трае. Ние, и секако цел свет, се навикнуваме на нови начини на живот и работа. Покрај тоа, доколку до сега не научивме, сега се учиме на колективна свест и совест, за тоа колку е важно секој поединец да води сметка за своите постапки, за истите не рефлектираат негативно на нашите блиски семејства и на сите други. Да ги почитуваме препораките на здравствените институции, за да си помогнеме себеси и на нашиот здравствен систем, порача тој.