Џафери се јави во живо среде дебата меѓу Зекири и Алими за да го обвини Богоевски

by fokus

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во вчерашната дебата која се водеше во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 меѓу пратениците на СДСМ и ДУИ, Мухамед Зекири и Ејуп Алими, се јави во живо за да го обвини пратеникот Павле Богоевски дека неделовнички ја водел матичната Комисија на која се расправаша за имунитетот на Трајко Вељаноски. Според Џафери, токму Богоевски е виновен за тоа што на Вељаноски не му беше симнат имунитетот.

Џафери го осуди Зекири за неговото однесување како пратеник и рече дека неговото однесување на собраниската седница било под секое ниво. Собранискиот спикер обвини дека целата одговорност е на Богоевски, кој на пленарна седница донел одлука без заклучок на Комисијата, одлука која била надвор од сите процедури на деловникот на Собранието.

За време на дебатата и Алими ја префрли одговорноста на Богоевски. Тој рече дека Зекири и Богоевски со нивното однесување и гестикулации делувале како да имаат подготвено сценарија за да го оневозможат претседателот на Собранието да ја стави на гласање точката за одземање на имунитетот на Вељаноски.

Зекири, пак, го нападна пратеникот на ДУИ дека неговата партија и ВМРО-ДПМНЕ договорено го спасиле Трајко Вељаноски, за да утре не биде одземен неговиот имунитет, мислејќи на тоа дека Алими е обвинет во судски предмет на СЈО.

На прашањето на водителот Фатмир Алиу, дали ќе останат во коалиција со ДУИ, Зекири рече:

„Вечерва поради обврски на Владата се одложи партискиот состанок. Се надевам утре или наредните денови ќе се одржиме партиски сотанок на кој би требало да разговараме и на оваа тема. Бројките ја прават Владата. Секако, доколку ги имаме бројките за формирање на Влада и без ДУИ и тоа е опција, зошто да не!“, рече вечерва Мухамед Зеќири во „Click Plus“ на ТВ21.

Поврзани новости