Џафери пцуе и навредува, институциите молчат, тврди Стоилковски

by Fokus

Талат Џафери пцуе, навредува, се заканува со сексуална конотација кон вработени во Собранието, сето тоа јавноста го слуша, а институциите молчат!, реагираат од најголемата опозициска партија.

„Пионот Димитар Ковачевски се изјасни за наглув кон примитивизмот и насилството коешто го трпат вработените во Собранието од Талат Џафери! Институциите молчат, а молчи и Стево Пендаровски, чиј што заменик, во негово отсуство е токму Талат Џафери! Молчат и пратениците од крими – коалицијата, молчат и од клубот на жени – пратенички, молчат сите, заглавени во заложништвото за да не им се растури крими – коалицијата ДУИ/СДСМ“, истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, ова е скандал којшто не смее да помине туку така само и само за одржување на крими – коалицијата на власт!

„Молкот од институциите значат одобрување на примитивизмот на Талат Џафери! Снимката во којашто Талат Џафери од позиција претседател на Собранието најпростачки се однесува кон вработените, ја дава вистинската слика, го покажува модусот на однесување и на владеење на крими – коалицијата“, вели Стоилковски.

Поврзани новости