„Актуелното парламентарно мнозинство наскоро ќе одбележи 100 дена од своето работење и функционирање. Ова парламентарно мнозинство поаѓајќи од своите уставни и деловнички права и обврски, искрено и одговорно работи на враќање на парламентарната демократија во Собранието како институција“, изјави денеска претседателот на Собранието Талат Џафери.
Џафери истакна дека една од неговите приоритетни задачи е јакнењето на транспарентноста на работата на Парламентот, на пратениците и собраниската админитрација. Во таа насока посочи на можноста граѓаните да бидат присутни и да ги следат собраниските седници, а се планира и, како што кажа, нова димензија на Собранискиот канал и унапредување на на веб-страницата на Собранието.
Остварувањето на транспаретноста и отчетноста, како еден од основните принципи на парламентарната демократија, зависи од нормативното уредување и од технолошката опременост меѓутоа, според Џафери најмногу зависи од политичката волја и одговорноста на опозицијата, но и од активностите на невладиниот сектор и воопшто од политичката култура која преовладува во општеството.