Пратениците денеска со 60 гласа „за“ и 22 „против“ ја усвоија одлуката за утврдување на бројот на потпретседателите на законодавниот дом.
На денешното продолжение на втората собраниска седница беше усвоена одлуката која се однесува само на бројот на попретседатели, но не се расправаше за персоналните решенија. Изборот на потпретседатели на Собранието ќе се врши на друга собраниска сеница.
Претседателот на Собранието Талат Џафери предлага Собранието да има петмина потпретседатели. Во образложението на предлогот, повикувајќи се на Деловникот и на Законот за Собрание, се наведува дека „бројот на потпретседателите го утврдува Собранието, по предлог на претседателот. Потпретседателите се избираат од редот на пратениците кои припаѓаат на различни политички партии застапени во Собранието“.