Џафери: Пратеник не може да бара одземање на имунитет, може само да поднесе оставка

by fokus

На новинарско прашање до спикерот Талат Џафери, дали лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски побарал да му се одземе имунитетот, тој рече дека само надлежна институција може да побара такво нешто а пратеникот само може да си даде оставка.

-Пратеник не може да бара симнување на имунитет, зошто го добил со верификација на мандатот, тоа може да го бараат надлежните институции, обвинителството или судот, изјави Џафери.

Ова тој го изјави од Црна Гора каде е на средби со државниот врв.

Поврзани новости