Џафери: После 27 април пратениците сфатија дека не се непријатели меѓу себе

by Fokus

Претседателот на Собранието, Талат Џафери вечерва беше гостин во 1 ТВ во емисијата „Печат на неделата“ со Сашо Орданоски.

Џафери говореше за процесот на помирување, кое според него треба најпрво да започне од сораниските клупи, помеѓу пратениците.

„Не можете да замислите ситуација, во еден пратенички мандат, пратениците меѓу себе да не комуницираат како нивно граѓанско општо правило на поздравување. После 27 април пратениците сфатиле дека не се непријатели меѓу себе, туку имаат различни размислувања, коишто треба да ги стават на маса и да дебатираат за тоа“, истакна Џафери.

Поврзани новости