Претседателот на Собранието, Талат Џафери, неколку пати ги опомена пратениците на денешната собраниска седница да се задржат на она што е тема на расправата, односно на интерпелацијата поднесена за министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Невенка Стаменковска, зборувајќи за Димитров рече дека можел на своја сметка да ја прати својата ќерка на студии во странство, наместо да бара стипендија од Министерството за образование и наука.
-Граѓаните во Македонија немааt пари за леб, а не па 40.000 евра за да си ги пратат децата на студии во странство – рече Стаменковска.
Собранискиот спикер по тоа им се обрати на пратениците и рече дека не може да ги прекинува, поради што побара од нив да „го остават семејството на Димитров таму каде што е, дома“.
-Зборете за тоа што е тема на расправата, а не за се и сешто – рече Џафери.