Ако се прашувате како и по кој пат продолжуваме оттука натака, можам одговорно и сигурно да ви кажам – за нас не постои друга алтернатива освен таа што е зацртана од осамостојувањето на земјата, односно полноправно членство во ЕУ и НАТО, уште поревносно продолжување со реформите, за доброто на нашите граѓани, за напредокот и развојот на нашата земја, за Европа во Република Северна Македонија.
Ова во своето обраќање го истакна претседателот на Собранието на Северна Македонија Талат Џафери на Европската конференција на претседатели на парламенти на тема „Нашиот заеднички европски дом: следните 70 години“ во Стразбур.
Истакна дека за жал земјава не доби датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ, нешто што, како што рече, за жал не се оствари и покрај неколкуте последователни извештаи во кои се нотираше позитивниот напредок на Северна Македонија.