1.3K
Собранискиот спикер, Талат Џафери не се согласи со предлогот на лидерот Али Ахмети, кој за организациски секретар ги предложи Блерими Беџети, за потпретседатели Изет Меџити, Арбр Адеми и Арбана Пашоли.
Џафери рече дека Гостиварскиот огранок не се согласува со предлогот и предложи Гостиварскиот огранок да има и потпретседател. Муса Џафери не се согласи со неговиот предлог.
Талат Џафери во знак на незадоволство прв ја напушти салата во која се одржуваше средбата.