667
Претседателот на Собранието, Талат Џафери во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 рече дека при доаѓањето на двајцата заразени пратеници во Собранието не бил прекршен ниту еден протокол.
-Нема двојни аршини за пратениците. Пратеникот не излегол да оди во продавница или да се шета. Одлучил да оди во Собрание, а функцијата пратеник ништо не смее да ја попречува. Ние од здравствената комисија добивме точен протокол како заразен пратеник може да дојде. Сите протоколи беа испочитувани. И инспектор дојде и утврди дека немало никакви прекршувања, вели Џафери.