Џафери: Нема да го коментирам однесувањето на Груевски

by fokus

Претседателот на Собранието Талат Џафери на прес конференцијата по донесувањето на Законот за употреба на јазиците не сакаше да го коментира однесувањето на Никола Груевски кој тргна физички да се пресметува со него.

-По однос за однесувањето на пратеникот Никола Груевски, поранешен премиер сметам дека нема потреба јас да го коментирам. Секој кој имал прилика тоа да го види ќе си го каже своето. Од дента од кога ја презедов фукцијата бев свесен за предизвиците. Џафери нема да дозволи Собранието да се претвори во сликата од 27 април 2017 година. Основна надлежност на Собранието е да води процедура според Уставот и Деловникот. Правото на секој граѓанин на протест е изричито право и немам никкава замерка за граѓаните кои беа пред Собранието. Но, однесувањето на пратениците е недозволиво, изгледа не можат да разберат дека се опозиција, рече Џафери.

По однос на уставноста на Законот, тој рече дека тоа може да го оценува само Уставниот суд на Република Македонија.

Џафери прво зборуваше на албански, а потоа превдуваше на македонски. Со дел од новинарите имаше тензичен однос.

Поврзани новости