Џафери негира дека Собранието интервенирало во гласањето кај Села и Гаши

by fokus

Претседателот на Собраниетo, Талат Џафери, го одби барањето на пратеникот Зијадин Села, поединечно да се гласа за Законот за употреба на јазиците, откако листингот на Собранието покажа дека електронскиот систем не го регистрирал нивниот глас. Според Џафери Законот е изгласан од 64 пратеници и гласањето е полноважно, поради што не може да се спроведе поединечно гласање.

-Или сте притиснале пред време или сте притиснале после време и не можело да се регистра гласањето. Не се сомневам во тоа што го кажувате дека сте гласале за Законот. Но времетраењето на гласањето е десет секунди, и во таа гужва или сте го пристиснале копчето предвреме или прекасно. Може и картицата не била до крај на своето место. Инаку нема моќ системот селективно да ги пребројува гласовите и да интервенира во однос на искажаната волја на пратениците – рече Џафери.

Тој додаде дека Собранието ќе им ги обезбеди на Села и Гаши видео материјалите од гласањето, како би се уверила јавноста во тоа дека го дале својот глас за Законот.

Поврзани новости