Џафери не знае зошто опозицијата не дошла на средбата од „Жан Моне процесот“

by Fokus

Претседателот на Собранието, Талат Џафери нема информација од кои причини пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ не присуствувале на средбата која е дел дијалогот Жан Моне и се однесува на измени на Деловникот за функционирање на Собранието но, како што рече, ќе им ги достави во писмена форма.

Џафери на новинарско прашање за последната средба појасни дека биле направени подготовки и еднаш (на 28 октомври) на барање на ВМРО-ДПМНЕ заради партиски активности била одложена и бил оставен простор за договор на друг датум.

– Оставивме простор да се договориме за наредниот термин. Во меѓувреме да дадоа одговор кога би можело да биде. Со оглед дека имам надлежност како претседател на таа работна група и како претседател на Собранието и на 2 ноември сите беа известени дека средбата е закажана и ќе се одржи на 8 ноември. Од за мене непознати причини, вчера не дојдоа. Тоа е нивно право дали ќе дојдат или не. Ценам дека тој процес треба да биде сеопфатен, консензуален и така и ќе продолжи, рече Џафери по настан во Гостивар на кој се промовира работењето на македонскиот Парламент.

Поврзани новости