Џафери не прифаќа гласање со стари документи: Еден граѓанин за еден месец може да извади документ

by Fokus

Техничкиот премиер Талат Џафери денеска на прес-конференција одби да одговори конкретно дали граѓаните на парламентарните и претседателските избори ќе може да гласаат доколку не успеат да ги обноват личните документи. Ова доаѓа откако Државната изборна комисија претходно побара пасошите со старото уставно име да бидат валидни за идентификација на денот на гласање, доколку не се истечени, во ситуација ако граѓаните нема да успеат навреме да ја променат ниту личната карта.

Џафери рече дека според динамиката на издавање на лични документи што ја добил од МВР, констатирал дека на еден граѓанин му е потребно еден месец да дојде до нова лична карта, од моментот откако ќе го иницира тоа.

„Статистиките на дневна осонова зборуваат дека од 1 до 29 февруари имало вкупно 123.983 за патни исправи, од кои изготвени 95.267, ова е показател за динамика на работа, значи за месец дена повеќе од 95.000. Барања за лични карти биле 82.235, а издадени 71.410. Има упште 50 дена до изборите, со оваа динамика,100-те илјади што немаат документи, по оваа динамика во текот на март можат сите да се опремат со соодветни документи, но граѓанинот треба да иницира барање, ако нема лична карта. Значи еден граѓанин за еден месец може да извади документ“, рече Џафери.

Поврзани новости