Собранискиот спикер Талат Џафери ги собрал на средба поранешните претседатели на Собранието, дознава Фактор. Според информациите на медиумот, на средбата биле поканети сите поранешни претседатели на Собранието, но на средбата присуствувале само Стојан Андов, Тито Петковски и Никола Поповски.
Иако, биле поканети, единствено не се појавиле Љубиша Георгиевски, Саво Климовски и Трајко Вељановски.
Поранешниот спикер Климовски, кој беше претседател на Собранието во период од 1998 до 2000 година, за „Фактор“ потврдил дека не присуствувал на средбата со Џафери.
„ Во петокот ја добив поканата. Но ги информирав службите во Собрание дека имам неодложни обврски поради кои не можев да присуствувам и се извинив – вели Климовски за Фактор.
Покана имало и за Георгиевски, кој беше претседател на Собранието во период од 2006 до 2008 година. Георгиевски за Фактор потврди дека имал покана, но не отишол на средбата.
„Така сакав“ – одговара Љубиша Георгиевски на прашањето од кои причини не присуствувал на средбата со Џафери.
Фото: Фактор