Џафери на средба со чешкиот министер за одбрана: Членството во НАТО ја зајакнува стабилноста во регионот

by Фокус

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на денешната средба со министерот за одбрана на Чешка Лубомир Метнар, изрази благодарност што Вишеградската група е меѓу најгласните поддржувачи на аспирациите на земјите од Западниот Балкан за добивање на членство во ЕУ, соопштија од кабинетот на собранискиот спикер.

Џафери информираше дека во Собранието веќе е формирана Пратеничка група за соработка со Парламентот на Чешка и дека смета дека парламентарната димензија секогаш може да помогне во јакнењето на соработката помеѓу две земји во сите области.

Министерот Метнар, пак, истакнал дека Македонија е многу значаен партнер за Чешката Република и дека ќе продолжат да ја поддржуваат земјава во процесот на зачленување во Европската унија.

Тој смета дека Западниот Балкан претставува долготраен надворешен политички приоритет за Чешка, нагласувајќи дека членството на земјава во НАТО ја зајакнува стабилноста во целиот регион.

Тој притоа го потенцирал и значењето на добрата соработка меѓу законодавната и извршната власт во државите, како и доброто спроведување на постапките за јавни набавки во областа на одбраната.

Поврзани новости