Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, на почетокот на денешната седница за пратенички прашања во Собранието се побуни затоа што седницата почна со половина час задоцнување и затоа што дел од членовите на Владта се отустни. Како што рече, тоа е непочитување кон пратениците и парламентарниот дом.
Во одговор претседателот на Собранието, Талат Џафери, му честиташе роденден на пратеникот.
-Од мое име и од име на пратениците да ви честитам роденден. Седницата започнува со доцнење од половина час поради мои обврски. Премиерот беше дојден е на време. Во Собранието не се случувало премиерот да чека половина час, овој пат Владата е таа што чека а не Собранието. Тоа не се случило и е добра пракса. Јас сум секогаш точен, овој пати доцнев затоа што имав службени работи, не седев во канцеларија за да покажам сила со тоа што ќе доцнам – рече Џафери.
На тоа Данев реагираше што во исто време во Собранието се закажани и пратенички прашања и седница на комисија.
-Не е поради вас доцнењето од 30 тина минути туку поради тоа што за прв пат во собраниската пракса во ист ден е закажана седница за пратенички прашањ, а во ист саат заседава и комисија за европски прашања. Тоа е онаа наша пракса на патот кон ЕУ. Нека знаат граѓаните дека во ист ден и во ист саат има и пратенички прашања и седница на комисија – рече тој.