Џафери – Лосон: Обединетото Кралство има клучна улога во градењето европска демократија во Македонија

by Fokus

Претседателот на Владата Талат Џафери, се сретна со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во земјава, Н. Е. Метју Лосон.

На средбата беа потврдени силните партнерски односи кои Северна Македонија и Велика Британија ги негуваат во рамки на НАТО, како и воспоставените трговски и економски односи кои се на високо ниво меѓу двете земји.

Премиерот Џафери ја потенцираше важноста што Обединетото Кралство е нашиот втор трговски партнер и е втор по обем странски директен инвеститор во Северна Македонија. Воедно, Северна Македонија е најголемиот трговски партнер на Обединетото Кралство на Западен Балкан, а британските бизниси во земјава постојано се зголемуваат, што беше повод за создавањето на британско-македонската стопанска комора.

Амбасадорот Лосон, на Џафери му честиташе за изборот претседател на Владата и истакнувајќи дека овој историски чекор е потврда дека земјата е позитивен модел на мултикултурализам и пример за други земји.

Премиерот Џафери му се заблагодари на амбасадорот Лосон за силната посветеност на Обединетото Кралство за евро-атлантските интеграции на Северна Македонија, истакнувајќи ја клучната улога на Велика Британија во градењето на нашата земја како независна европска демократија во последните 3 децении.

Џафери и Лосон разговараа и за актуелни теми врзани за внатрешно-политичката состојба во земјата и активностите на Владата во подготовката на претстојните двојни избори.

Поврзани новости