Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска одговори на изјавата на обвинителката, Вилма Русковска, која рече дека Собранието ќе биде одговорно доколку се вдадат во бегство осомничените пратеници, Трајко Вељаноски и Љупчо Димовски, на кои не им беше симнат имунитетот.
На брифинг со новинарите, Џафери рече дека тоа не е точно и додаде дека одговорноста би била кај судот.
-Одговорноста ќе биде кај Судот. Тие треба да го обезбедат присуството на сите осомничени и обвинети – вели Џафери.
Џафери информираше дека вчера го известил судијата на претходна постапка, Седат Реџепагиќ дека не биле создадени услови за симнување на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски од ВМРО-ДПМНЕ, осомничен дека е еден од организаторите на упадот во Парламентот на 27 април 2017 година.