Претседателот на Собранието, Талат Џафери вели дека во однос на случувањата во Украина, „тамошниот конфликт не е далеку од нас“.
-Украина не е далеку од тука, иако географски можеби се чини дека е далеку. Последиците се далекусежни и значајни, не само од воен аспект, туку и економски. Секако ќе има влијанија и врз регионот. Од воен контекст, ситуацијата е специфична и комплицирана. Меѓународните фактори имаат соодветни процедури по однос на почитување и спроведување на меѓународното право.
Првенствено треба да се даде простор на дијалогот и тоа што е договорено. Имаше два обиди за дипломатско решение и Минск 1 и Минска 2. На нас останува да ја следиме состојбата и секако сметам дека јас и Собранието треба да стоиме кон почитување на суверенитетот на Украина, затоа што принципот е пропишан во Повелбата на ОН, рече Џафери на прес-конференција во Собранието.