950
Парламентарното мнозинство нема двотретинско мнозинство за прогласување вонредна состојба, вели спикерот Талат Џафери пред денешната средба со Заев и Ахмети.
Тој истакна дека нема што да разговара за ултиматуми во однос на координаторите на опозицијата, и посочи на понудата од Мицкоски да се свика седница со само четири точки, кои се однесуваат на кризната состојба на јужната и северната граница и на антикризните мерки од петтиот пакет.
„Парламентарното мнозинство нема двотретинско мнозинство, ама парламентот има 120 пратеници и може да се состане. Од тој аспект, не знам зошто би размислувале за вонредна состојба“, рече Џафери.