Џафери, Кирацовски и Манчевски во вторник ќе сведочат за обидот за убиство на Села

by fokus

Претседателот на Собранието Талат Џафери и пратениците Дамјан Манчевски и Александар Кирацовски, во вторник, на 10 април, ќе сведочат во Кривичниот суд за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села, што се случи на 27 април 2017 година.

Овие сведоци би требало да извршат и препознавање на насилниците кои го претепаа Села, бидејќи беа во прес салата каде што се случи крвавиот настан. Пратеникот Манчевски, исто така се здоби со сериозни повреди.

Досега пред Кривичниот суд за крвавиот четврток во Собранието сведочеа неколку сведоци, а на последното рочиште новинарка препозна неколкумина од напаѓачите, посочувајќи ги со прст во судницата. Според нејзиното сведочење цел на насилниците во Собранието бил Зоран Заев, Џафери и Села.

За овој случај обвинети се вкупно десетмина и тоа: Оливер Ошавковски, Сашо Сенков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски-Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов, Стојан Павлески-Кобра, Кире Ѓоргиевски и Цене Ѓоргиевски.

В.В.

 

Поврзани новости