Техничкиот премиер Талат Џафери при денешната посета на тетовското село Селце каде што се поставуваше камен-темелник за изградба на ново училиште, рече денеска во Собранието ќе има средба со пратениците, со цел да се изнајде соодветно решение за проблемот со личните документи.
– Јас сум свесен дека во овие десет дена се најдов пред многу предизвици во „цајтнот“, ако може така да се каже. Секако дека ние ги имаме преземено сите можности и евентуални решенија кои би биле во полза на граѓаните и секако ние размислуваме и за законско решение и во текот на денот ќе имаме соодветно решение и одлука, имајќи предвид дека денеска треба да сум во Собранието поради други обврски. Секако веќе е договорено да имаме заедничка средба со пратениците и евентуалните решенија да ги дефинираме преку закон, рече Џафери.
Тој дополни дека е можно и донесување на одлуки на Владата поврзани со личните документи.