Новоизбраниот претседател на Собранието, Талат Џафери по гласањето во изјава за медиумите порача дека во новиот мандат ќе биде претседател на сите 120 пратеници и на оние кои гласаа „за“ и на оние кои гласаа „против“.
Тој побара од пратениците во новиот парламентарен состав да делуваат едукативно и порача дека периодот ќе биде предизвик за сите.
-Јас останувам конзистентен на моите ставови дека и во наредниот период ќе бидам претседател на сите 120 пратеници, без оглед дали гласале за или против или воопшто не гласале. Секако, ова ќе биде период на предизвици за парламентарното мнозинство, а и за опозицијата. Сите ние низ дебати ќе треба да го збогатиме демокартскиот парламентарен живот на земјата и да придонесеме едукативно за идните генерации кои ќе дојдат овде во Собранието. Очекувам конструктивни дискусии во законодавниот дом, изјави Џафери.