Мандатарот на новата Влада – Талат Џафери за која ќе се гласа денеска, тврди дека ќе постапува согласно законите и дека ќе биде одговорен на функцијата технички премиер.
Смета дека Владата ќе биде функционална.
„За мене не е важно дали е техничка Влада или за 100 дена, јас оваа одговорност ја сфаќам онака како што сум пристапувал кон секој предизвик кој сум го имал во животот. Сакам да Ве уверам дека нема да дозволам да отстапиме од она што значи функционална и одговорна институција“, кажа Џафери во експозето во Собранието.
Посочи дека Владата до изборите и идната политичка Влада, ќе се фокусира на стратешките приоритети.
„Јас и Владата која ќе ја предводам ќе продолжиме со целосно ефикасно спроведување на ефикасните политики, врз основа на стратешките определби“, додаде Џафери и кажа дека нема да има промена ниту на фискалната политика, дека ќе има субвенции за електрична енергија.
„Борбата против неформалната економија нема да престане. Остануваме посветени на промената на енергетската структура на државата, користејќи го потенцијалот кој го поседува државата. Завршување на најголем дел од проектите остануваат прироитет на државата“, додаде Џафери.