560
Претседателот на Собранието, Талат Џафери за 16:30 часот ја закажа седницата на која треба да биде формирана техничката влада.
Пратениците имаат рок најдоцна до полноќ да ја изгласаат новата Влада.
Од СДСМ предложени се Оливер Спасовски за технички премиер, Славјанка Петровска за дополнителен заменик министер за внатрешни работи, Санела Шкријељ дополнителен заменик во труд и социјала. Од редовите на опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ го предложи Наќе Чулев за технички министер за внатрешни работи, потоа Рашела Мизрахи за технички министер во труд и социјала, Гордана Димитриовска во финансии, Цветан Трипуновски во земјоделство и Невенка Стаменковска технички министер за информатичко општество и администрација.