816
Спикерот Талат Џафери, во четврток во 11 часот, ја закажа седницата за доверба на владата.
Ова следува откако 61 пратеник од опозициските ВМРО-ДПМНЕ, Левица и ААА, заедно со владејачката Беса, најавија дека имаат ново парламентарно мнозинство, кое ќе покрене постапка за изгласување на недоверба на владата на СДСМ и ДУИ.
Меѓу потписниците на листата објавена на собранискиот сајт е и Скендер Реџепи од Алтернатива, кој денес најави дека го повлекува потписот, од причина што не сака да биде на ист список со, според него, антиалбанската Левица.