Претседателот на Собранието, Талат Џафери, испрати телеграма со сочуство за смртта на Љубисав Иванов-Ѕинго.
-Почитувани граѓани на Република Северна Македонија,
До мене стигна тажната вест дека нашиот долгогодишен колега Љубисав Иванов – Ѕинго го напуштил овој свет. Би сакал, од свое лично име и од името на пратениците на Собранието на Република Северна Македонија да изразам длабоко сочувство за оваа загуба.
Почитуваниот Иванов беше пратеник во речиси сите пратенички состави од осамостојувањето на Републиката, неговиот придонес во градењето на државата, неговата активност како бизнисмен и човек кој дал безрезервна поддршка на спортот во нашата држава, ќе останат запаметени.
Изразувам длабоко сочувство до семејството на нашиот поранешен колега, убеден сум дека нивната тага во овој момент е преголема, меѓутоа, споменот за него вечно ќе го чуваат во срцата.
Уште еднаш, дозволете да искажам длабоко сочувство,
Нека почива во мир, напиша Џафери.