344
.Собранискиот спикер Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите рече дека тој не е виновен што е заглавена иницијативата за изгласување една изборна единица.
Одговарајќи на новинарски прашања Џафери ги отфрли тврдењата на малите партии дека тој ја крие и не ја става на дневен ред нивната иницијатива за изгласување една изборна единмица. Тој рече дека иницијативата била ставена на седница во 2021 година и сега е заглавена во Комисијата за политички односи.
„Што се случува на комисијата не е мој проблем. Фактите се тоа, а Маја Морачанин од ДОМ може да тврди и дека си ја однел иницијативата дома“, рече тој, алудирајќи на обвинувањата дека ја чувал во фиока.