506
Претедателот на Собранието, Талат Џафери во вечерашното гостување на ТВ 24 го искоментира ставот на поранешниот претседател на Собранието.
-Тито Петковски јавно ме нападна дека сум ја прекршил процедурата. Но, во вториот дел за референдумското прашање, Петковски што зборува?
Вели сега ми поставивте политичко прашање, лично мислам дека ваков референдум за Македонија е штетен, зашто би ги закочил процесите со ЕУ.
Тој бил претседател на Собрание како јас сега, јас сега немам право да мислам во оваа насока?, рече Џафери.