Собраниска делегација, предводена од претседателот Талат Џафери, свечено ќе ја одбележи 120-годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република во Крушево.
Програмата предвидува положување свежо цвеќе на гробот на Никола Карев, положување свежо цвеќе на Споменикот на Слива „На хероите на Слива“, Панихида во храм „Свети Никола“, Голем народен собир на „Мечкин Камен“.
Потоа, следува обраќање на Џафери.
На Мечкин Камен ќе присуствува и партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ на чело со претседателот Христијан Мицкоски, која уште ќе ја сочинуваат потпретседателот Александар Николоски, потпретседателката Гордана Димитриевска Кочоска, потпретседателот Владо Мисајловски, генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски и координаторот на пратеничката група Никола Мицевски.
По дадената изјава за медиуми, Мицкоски, во рамки на одбележувањето на празникот Илинден, ќе продолжи во селото Ташмаруништа – Струга, каде што ќе положи свежо цвеќе на споменикот на двата Илиндена.