615
Собранискиот спикер, Талат Џафери и лидерот и пратеник од Левица кратко се скараа во Собрание, откако Џафери со прст го опомена Апасиев да не дофрла од место туку да зборува кога ќе му биде даден збор.
Апасиев побара процедурално и му порача на Џафери повеќе да не му се случи со прст да го опоменува бидејќи тој е прв меѓу еднаквите и треба да ги почитува процедурите односно како и сите да побара збор или реплика.
Џафери пак му одговори и тој да не мавта со прстот и да не му кажува за процедурите.
-Не ми мавтај со прстот да не ти биде скршен, му рече Џафери на Апасиев.