850
Претседателот на Владата, Зоран Заев во моментов е присутен во Собранието. Откако опозицијата ја поднесе иницијативата за гласање недоверба на Владата, спикерот Џафери го закажа гласањето во четврток во 11 часот и оттогаш има раздвиженост во Собранието.
На прашањето на „Фокус“ зошто премиерот вечерва е присутен во законодавниот дом, од СДСМ велат дека бил повикан од спикерот Џафери
-Претседателот на Собранието го викна претседателот на Владата, Зоран Заев, лично да го информира за поставеното прашање за доверба на владата и за понатамошните деловнички чекори, одговорија од СДСМ.
К.С.Б.