Џафери го искористи Илинден да повика на поддршка за референдумот: Или ќе продолжиме напред или ќе заглавиме на слепиот балкански колосек

by fokus

Република Македонија, а јас би рекол сите ние како граѓани, сме пред судбоносна одлука, дали ќе продолжиме напред кон интегрирање или ќе заглавиме на слепиот балкански колосек кој не не води никаде, порача претседателот на Собранието, Талат Џафери, пред споменикот на Методија Андонов Ченто во Скопје, во своето обраќање по повод прославата на Денот на Републиката.

Во својот говор проткаен со пораки за одлучувачкиот референдум, Џафери и порача на опозцијата да преземе дел од одговорноста.

-Актуелната власт и парламентарното мнозинство покажаа дека се подготвени да ја преземат одговорноста. Од тука ја повикувам опозицијата да преземе дел од одговорноста која и припаѓа за иднината на државата и граѓаните. Денес кога ги одбележуваме двата Илиндена би сакал да апелирам до сите граѓани, до сите лидери на политички партии и до моите колеги пратеници да бидат вистински одговорни и визонерски и со моќта на својот глас да го поддржат исполнувањето на договорот со кој ќе се исполни стратешката цел кон ЕУ и НАТО. Тоа е наша должност кон сите кои се бореа за таква Македонија. Следните генерации заслужуваат да живеат во европска Македонија – порача Џафери.

Поврзани новости