637
Претседателот на Собранието, Талат Џафери попладнево го потпиша решението со кое се распишуваат претседателските избори. Првиот круг треба да се одржи на 21 април, а вториот круг на 5 мај.
Согласно Изборниот законик, не треба да поминат повеќе од 90 и не помалку од 70 дена од распишување на изборите до денот на нивно одржување. Мандатот на актуелниот претседател Ѓорге Иванов завршува на 12 мај.