Џафери ги распиша локалните избори на 15 октомври

by fokus

Претседателот на Собранието Талат Џафери како што беше најавено денеска го потпиша решението за распишување на локалните избори.

Изборите треба да се одржат на 15 октомври, а потпишаното решение ќе биде доставено до Државната изборна комисија.

„Апелирам со сите учесници во изборниот процес да се однесуваат во согласност со Уставот и законите, а надлежните институции да се погрижат денот на изборите да биде во мирна, демократска и фер атмосфера, како што заслужуваат граѓаните“, рече Џафери.

Според него, во текот на кампањата која ќе започне 20 дена пред изборите, Собранието нема да има пленарни седници за тие да не бидат злоупотребени во изборната кампања.

Поврзани новости