Претседателот на Собранието,Талат Џафери денес остварил работна средба со Карен Пирс,политички директор во Министерството за Надворешни работи на Обединетото Кралство на Велика Британија.
Пирс му го честитала изборот за претседател на Собранието на Република Македонија и му посака успех во извршувањето на функцијата, соопштија од кабинетот на Џафери.
Таа ја повторила заложбата на Обединетото Кралство дека досегашната меѓуинституционална билатерална соработка со Република Македонија ќе продолжи и во иднина. Обединетото Кралство останува на поддршката за побрзо остварување на темелните определби на Република Македонија за членство во НАТО и Европската Унија, порачала Пирс.
Претседателот Џафери се заблагодарил на поддршката и истакнал дека функцијата Претседател на Собранието ќе ја извршува во интерес на сите граѓани, без разлика на нивната етничка, политичка или друга припадност. Тој го изразил своето уверување дека процесот на мирно предавање на власта ќе продолжи, и во таа насока очекува брзо формирање на новата влада, преку нејзин избор во Собранието.