Претседателот на парламентот во интервјуто за државната агенција МИА најави дека Државната изборна комисија ќе биде формирана, а Договорот со Грција и Законот за јазиците ќе бидат испратени до Службен весник пред да се оддржи референдумот за името.

Тој воедно изрази надеж дека лидерите на политичките партии ќе постигнат договор на претстојната средба во понеделник. Во спротивно, според него, ќе продолжи процедурата за носење на измените на Изборниот законик со кои се предвиду ва со мнозинство гласови да се избира составот на Државната изборна комисија која треба да го спроведе референдумот за името.

-Во спротивно, што не посакувам, процедурата што е започната може да се доведе до крај затоа што нема инструменти за попречување освен ако не мислиме на онаа навика кога ќе треба законот да се носи на потпис кај претседателот на државата па тој да одлучи исто како за двата претходни закони. Тоа веќе е еден од инструментите за попречување – вели Џафери.